Заклучно со август оваа година, во Црна Гора е откриена фалсификувана пара во вредност од 26.308 евра. Најмногу фалсификати има од 50 евра банкноти и 2 евра монети, објави Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ).
“Во првите осум месеци од тековната година, во националниот центар на Централната банка се обработени 274 парчиња фалсификувани банкноти во евра, во номинална вредност од 17.040 евра и 4.672 монети од по 2 евра и исто така фалсификати во номинална вредност од 9.268 евра”, објасниле од ЦБЦГ.
Според дневниот весник “Победа”, најчестите фалсификат примероци, биле забележани во банкнотите од 20, 50 и 100 евра.
Главниот фалсификат е апоен од 50 евра. Процентуално, овие три апоени заедно чинат 88% од вкупниот број на обработени фалсификувани банкноти. Кај монетите, најчестиот фалсификат е деноминација од две евра, која чини дури 99% од вкупниот број обработени фалсификувани монети во евра.
Одлуката која ја усвоила Централната банка пред неколку дена, ја зголемува заштитата на еврата од фалсификатите.