Македонија

„Ако уште еднаш му се повтори, ќе биде разрешен“, вели Мицкоски за директорот кој не зборуваше македонски со новинарите!

„Ако уште еднаш му се повтори, ќе биде разрешен“, вели Мицкоски за директорот кој не зборуваше македонски со новинарите!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи.

Според Мицкоски, тоа ќе следува ако уште еднаш му се повтори да не се обрати на македонски јазик.

„Ќе биде разрешен директорот на инспекторатот за употреба на јазиците ако уште еднаш му се повтори да не се обрати на македонски јазик во Парламентот“, вели Мицкоски.

Оваа доаѓа по инцидентот кога директорот одби да се обрати на македонски јазик пред новинарите, упатувајќи ги наместо тоа да чекаат писмено соопштение, додека пак претходно се обраќаше на албански јазик.

Поврзана објава„Во вторник 99%“: Стоилковиќ најави разрешување на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни