Порториканската ѕвезда Карлос Понсе, сподели на својот Инстаграм една необична глетка додека шетал по патека во парк.
Како што тврди, му се „прикажал“ Исус Христос.
Актерот и пејач бил во Колумбија на снимање на филм кога колега му кажал што видел, па тој одлучил да провери. Понсе веднаш отишол да се увери дека тоа е вистина.
„Кога го погледнав по втор пат, го видов како што треба. Тпа е потсетник дека Исус секогаш е со мене. Што мислите вие?“, ги праша тој своите 1,8 милиони следбеници на Инстаграм.
Многумина се одушевија од глетката и се согласија дека тоа е божји знак.
Други пак, тврдат дека во прашање е само дамка на патот.
Погледнете го видеото и проценете сами.