Властите во Гватемала ги повикаа жителите на осум општини да се евакуираат кон безбедни подрачја по интензивирање на активноста на вулканот Фуего.
Вулканот е лоциран меѓу три општини кои се наоѓаат од централниот кон јужниот дел на земјата. Портпаролот на Нациналната агенција за катастрофи Дејвид де Леон изјави дека би требало да се евакуираат жителите на најмалку 8 општини.
По ерупцијата на овој вулкан во јуни, загинаа 194 лица, а најмалку 234 се водат како исчезнати, иако некои организации тврдеа дека има илјадници исчезнати.