Судскиот совет на Основниот суд во Битола во куќен притвор ја преиначи мерката притвор што завчера му беше изречена на пејачот Ламбе Алабаковски, кој чека обвинителен предлог за подметнувањето на пожарот во кој изгоре влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Ова следуваше по жалба поднесена од неговиот адвокат.
Пејачот кој во саботата го потпали бугарскиот клуб во Битола, попладнево го напушти притворското одделение во битолскиот затвор и е спроведен во неговиот дом каде ќе го издржува куќниот притвор.