Албанија: Судија застрелан додека изрекувал пресуда!

Судијата на Апелациониот суд во Тирана, Астрит Калаја, беше застрелан во судницата. Нападот се случил околу 15:40 часот, додека судијата изрекувал пресуда во спор за имот. Тој бил застрелан од 30-годишниот Е.Ш., учесник во постапката, испукајќи три истрели во срцето.

Албанските медиуми јавуваат дека обезбедувањето на влезот не успеало да го спречи сторителот, па Е.Ш. влегол вооружен во зградата. Откако ја слушнал одлуката, која, според него, била во корист на спротивната страна, извадил пиштол и пукал во Калаја. Потоа ги застрелал Ракип и Ервис Куртај, татко и син кои ја претставувале другата страна во спорот. Двајцата биле ранети и однесени во Трауматолошката болница, но нивните животи се надвор од опасност.

Полицијата брзо интервенирала и го уапсила Е.Ш. на местото на настанот. Оружјето било конфискувано, а сторителот го признал делото.

„Јас сум сторителот. Судијата пресуди во корист на другата страна.“

Моментално е испрашуван од истражителите во локалната полициска станица во Тирана.

Ова е прв пат во историјата на албанското судство судија да биде убиен додека бил на должност во судница. Астрит Калаја имал богато искуство во судството и претходно работел во Апелациониот суд во Скадар. Тој поминал низ процес на проверка и бил потврден во 2019 година од страна на Независната квалификациска комисија. Оваа одлука била потврдена од Специјалниот жалбен совет во 2022 година.

Апелациониот суд во Тирана моментално е обезбеден од приватна служба за обезбедување, но беше објавено дека детекторите за метал на влезот не работеле кога Шкамби влегол во зградата. Убиството предизвика силни реакции од државните функционери, како и од домашните и меѓународните организации, кои го опишаа инцидентот како напад врз правдата и невиден чин што бара силен одговор и институционална рефлексија.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.