Балкан

Албанија воведува бенефиции за невработените мајки со 3 или повеќе малолетни деца

Албанија воведува бенефиции за невработените мајки со 3 или повеќе малолетни деца

Програмата од 600 милиони леки ќе обезбеди поддршка за секоја невработена жена со три деца и семеен месечен приход до 100.000 леки.

Владата на Албанија ќе плаќа социјално и здравствено осигурување за сите невработени мајки со три и повеќе малолетни деца. Помошта ќе биде доделена преку посебна владина програма која стапи на сила на 1 јануари годинава. Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи објасни како жените можат да аплицираат за помош преку владиниот портал е-Албанија.

Повеќекратните мајки кои аплицираат преку порталот ќе имаат придонеси за здравствено и социјално осигурување од државата за првите пет години на детето, рече Рама. Државниот буџет за 2023 година ќе ја финансира новата политика, поддржана од Националната консултативна иницијатива за поддршка на невработени жени со три или повеќе деца. Програмата од 600 милиони леки ќе обезбеди поддршка за секоја невработена жена со три деца и семеен месечен приход до 100.000 леки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни