Албанската Законодавна парламентарна комисија го подржа Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Членовите на Комисијата од власта и од опозицијата, по долг период за првпат се одногласни околу едно прашање а тоа е изгласувањето на Протоколот, со кој се отвора патот за Северна Македонија да се приклучи во НАТО како 30-та членка, наведуваат албанските медуми.

Со денешното гласање на Протоколот од страна на Законодавната комисија му се дава зелено светло на Собранието да го ратификува Протоколот, што ќе се случи во четврток, за кога веќе е закажана седница.

Албанските власти го поздравија потпишувањето на Протоколот за членство на Македонја во НАТО оценувајќи го како чин на гаранција за безбедноста и стабилноста во регионот.

Извор: ТВ21