Американскиот актер Алек Болдвин се удри со својот автомобил во дрво додека возел со својот брат Стивен. За среќа, никој не е повреден.
Автомобилот е во сопственост на сопругата на Алек, Хилари, а „Њујорк пост“ објави фотографии од Болдвин на местото на настанот како разговара со полицаец и неговиот мобилен телефон:
Alec Baldwin crashes Range Rover into tree in the Hamptons https://t.co/BQOxjwEXPk pic.twitter.com/PkscDhJPw8
— New York Post (@nypost) October 13, 2025
Алек на Инстаграм изјави дека неговиот брат го посетил на Лонг Ајленд и дека го поминале викендот таму бидејќи биле гости на Меѓународниот филмски фестивал во Хемптонс.
Тој тврди дека додека возел, човек кој возел голем камион за ѓубре го престигнал.
„Тој камион за ѓубре бил со големина на кит. Мора да се користи за транспорт на материјали од градилиште или нешто слично. Тоа бил најголемиот камион за ѓубре што сум го видел досега“, рече тој.
Понатаму рече дека не сакал да дава детали, но дека удрил во дрвото откако се обидел да го заобиколи.
„Го удрив автомобилот на мојата сопруга. Жал ми е за тоа“, рече тој и им се заблагодари на полицајците кои пристигнале на местото на настанот.