Александар Карадакоски ќе биде погребан утре на Градските гробишта во Кочани

60-тата жртва од страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, Александар Карадакоски ќе биде погребан утре во Кочани.

Истиот ќе биде на Градските гробишта во Кочани во 14 часот, додека пак неговото тело од 12 часот ќе биде изложено во капелата пред гробиштата.

Заради спроведување обдукциски наод, неговото тело вчера беше пренесено на Институтот за судска медицина во Скопје.

Како управител во „Пулс“, тој беше опфатен со наредбата за спроведување истражна постапка, но во меѓувреме Основното јавно обвинителство – Кочани донесе наредба за запирање на истрагата за него.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното