Балкан

Александар Вучиќ стравува од притисок по одлуката на Путин за Донбас

Александар Вучиќ стравува од притисок по одлуката на Путин за Донбас

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја опиша ситуацијата за светскиот мир како комплицирана со најавата на Руската Федерација за признавање на двете сепаратистички републики Доњецк и Луганск. Одлуката на рускиот лидер Владимир Путин да ги признае ДНР и ЛНР ќе доведе до зголемен надворешнополитички притисок врз Србија , рече Вучиќ.

Според него, глобалната безбедносна архитектура е нарушена.

„Се разбира, загрижен сум, нашата позиција нема да биде лесна … ова ќе ја доведе Србија во ситуација со бројни предизвици – политички, економски, безбедносни“, изјави Александар Вучиќ во телевизиско интервју. Тој очекува политичкиот притисок врз Србија по одлуката на претседателот Путин од различни земји да се искачи на ниво повисоко од кога било досега.

„ Само она што го доживеав во последните три дена ги потврдува моите зборови, а јас сум на власт 10 години и поминав низ многу работи и различни видови на притисоци.

Одлуката ја уништува актуелната безбедносна архитектура ширум светот и никој не може да каже до што ќе доведе тоа, заклучува Александар Вучиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни