Александра Младеновиќ на својот Инстаграм објави дека била тестирана за корона вирус и дека добила позитивен резултат.
Во својата објава, пејачката додаде дека ги откажала сите настапи, како и дека со нетрпение очекува повторно да се дружи по закрепнувањето.
„Драги мои, сакам да ве известам дека сум позитивна на Ковид-19 и дека од таа причина нема да можам да настапувам во следниот период. Ќе се дружиме повторно кога ќе заврши ова, чувајте се”, рече Александра.
Таа потоа им откри на медиумите како се чувствува:
„Веднаш ги откажав сите настапи, чим добив позитивен резултат. Честопати се проверував себеси, секогаш ми доаѓаше дека сум негативна, но овој пат не беше. Се чувствувам добро, само малку сум малаксана. Јас Се одмарам, секако сум изолирана “, рече таа за Блиц.
