Македонија

Алијанса за Албанците: Денес се потврди на дело дека слабата точка на криминализираната власт беше и се уште е судската власт

Алијанса за Албанците: Денес се потврди на дело дека слабата точка на криминализираната власт беше и се уште е судската власт

Алијанса за Албанците денеска на прес конференција по скандалозниот инцидент во Собранието посочи дека се потврдило на дело дека слабата точка на криминализираната власт беше и се уште е судската власт!

„Криминалот, корупцијата, уличарството и нивните сценарија се манифестираа со вандалски и насилнички акти каде со или без намера беше погоден и пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири. Цело ова срамно сценарио започна со обидот за продолжување на мандатот на партиските судии и обвинителите од власта, преку шверцување на законот. Откако се спротивставивме, претседавачот Арбр Адеми лично го навреди Пратеникот Халил Снопче кој јавно го повика да се извини, но, такво нешто не се случи. Пратеникот Снопче потоа повторно побара процедурална интервенција што беше одбиено и се обиде да го изгласа дневниот ред. Во знак на револт, ние пратениците на Алијанса за Албанците дојдовме на говорницата да го одбраниме нашето право на дискусија и да го спречиме шверцувањето на законот. Потоа следеше срамот кој го виде целата јавност, насилство и вандализам на координаторот на ДУИ“, велат од Алијанса за Албанците.

Од партијата се додава дека ова не е прв пат да прават вакви насилни сценарија за да го сокријат криминалот, корупцијата и заробеноста на државата.

„Имаше многу случаи во Собранието и на политичката сцена кога пратениците на ДУИ можеа да се покажат, но сите ги видовме како бегаат од комисиите каде треба да се заштитат граѓаните или како се прегрнуваат со криминалци“, велат од Алијанса.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни