Алими: Не ми треба амнестија, невин сум, Кацарска се закани со притвор на Мукоски, Арнаудов, Василески

Маскираните лица кои ја координираа толпата од Собранискиот ходник кон салата за прес конференции беа субјект на денешното рочиште за настаните од 27 април. За време на прегледувањето на видео записите од безбедносните камери во Кривичниот Суд, обвинителката Ивана Трајчевска објасни дека Никола Митревски- Кољо бил тој кој ги предводел демонстрантите, а другите лица со маски беа Илија Славоски, Митре Питроповски, Горанче Ангеловски, Стефан Младеновски, Игор Југ, Дејан Давидовски кој беше во бегство. Меѓу нив околу 19-30 часот, како што покажуваат снимките, се гледа и екс-полицаецот Фетах Алими. По денешното рочиште тој изјави дека постапил според наредбите на неговиот командир, Горан Ѓошевски, кој исто така е обвинет во овој случај. Фетаи вели дека преку радио-врска побарал тројца службеници на обезбедувањето  за да се  засили кордонот пред вратата на прес центарот. Алими вели дека не сака да слушне за амнестија, бидејќи е невин.

„Јас немам никаква врска со ова, и да ви кажам искрено не ме интересира бидејќи сум невин. За нив не знам и немам коментар. Немам комуникација со нив бидејќи знаете дека јас сум Албанец..“, изјави Фетах Алими, обвинет во случајот „27 април“.

Меѓу 33-те обвинети, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Муковски, Лубен Арнаудов и Сашо Василевски не се појавија во вториот дел од денешниот судски процес, по што, судијката Добрила Кацарска се закани дека ќе им определи мерка притвор доколку не се појавуваат на рочиштата. Еден од адвокатите рече дека тројцата обвинети пратеници  се на координација во Собранието и замолуваат за уште еден час пауза.

„А знаете мене колку ми е битно дали се пратеници или обични граѓани? Може само да добијат построга казна. Што не кажавте прееска дека ќе им требало уште еден час пауза. Следен пат ако се повтори ова, ќе им одредам мерка притвор“, изјави Добрила Кацарска, судија.

Таа го прекина денешниот процес и го одложи за задутре во 10 часот.
Тројцата пратеници се дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Репортер: Аднан Ќаили