Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје

МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје

Силното невреме што го зафати поголемиот дел од земјата остави бројни последици, а полициските службеници заедно со останатите надлежни институции се на терен и работат на расчистување на штетите и обезбедување на безбедноста на граѓаните.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полицијата постапува по сите пријави поврзани со последиците од невремето, при што се преземаат мерки за непречено одвивање на сообраќајот и функционирање на јавните служби.

Најголеми последици се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. Според податоците на МВР, до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, 7 оштетени семафори, 5 пожари и 10 повредени лица.

Невремето предизвикало штети и на повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Последици се пријавени и во други градови. На подрачјето на СВР Куманово има 9 оштетени возила и 3 оштетени кровови, додека во СВР Тетово се регистрирани 5 настани – три оштетувања на возила и две на кровни конструкции.

Во Гостивар нема пријавени материјални штети или повредени лица. Во Велес се пријавени две оштетувања на возила предизвикани од паднати дрвја, додека во Струмица има паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци и прекин на електричната енергија во Свидовица.

Во Штип се регистрирани 14 оштетувања на патнички возила и 6 оштетувања на кровни конструкции.

Од МВР информираат и дека на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје било регистрирано протекување на кровот, поради што околу час и половина бил прекинат излезот од државата.

Штети има и во Транзитниот центар Табановце, каде се оштетени дел од привремените објекти за сместување на мигранти, а регистрирани се и паднати дрвја без поголема материјална штета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни