Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола информира дека на 20 август 2025 година добил официјално известување од Алта Банка АД Белград за намера за преземање до 100% од обичните акции со право на глас издадени од битолската банка.
Понуда по цена од 3.777 денари за акција
Според соопштението, понудата за акционерите е поставена на 3.777 денари по акција, што значи дека доколку биде реализирана, српската банка би ја презела целата сопственост врз Стопанска банка Битола.
Услов за домашни и странски согласности
Алта Банка во документот нагласува дека понудата е условена со добивање на претходни согласности од домашните тела и институции, меѓу кои и Народната банка на Република Северна Македонија. Дополнително, потребно е и таканаречено „Странско одобрение“ од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија.
Рок од 12 месеци
Понудата за преземање ќе биде поднесена до Комисијата за хартии од вредност, но само по обезбедување на сите потребни дозволи. Доколку српската институција го одбие издавањето на странското одобрение или тоа не биде добиено во рок од 12 месеци од објавата, намерата ќе се смета за повлечена и понуда за преземање нема да има.
