Breaking Први детали за пожарот во Бангкок: Силна експлозија го прекинала концертот, жртвите најдени заробени во тоалетите
Македонија

Алтернатива бара од Реџепи да го врати мандатот

Од Алтернатива денеска се јавија со реакција по повод вчерашната најава на пратеникот Скендер Реџепи – Зејди дека ќе настапува како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Од партијата велат дека оваа одлука е исклучиво лична одлука и не станува збор за никаков став кој што е поврзан за некоја партиска структура или партиски орган на Алтернатива.

„Алтернатива изразува жалење за оваа одлука на пратеникот Реџепи и ја известува јавноста дека оваа одлука нема да влијае на групата на пратениците на Алтернатива, ниту на парламентарното мнозинство, ниту на учеството на Алтернатива во извршната власт. Меѓутоа е индикативно неговото повлекување во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство, на за ова прашање треба тој сам да даде одговор“, додаваат од партијата.

Од таму велат „Бидејќи мандатите на овој парламентарен состав, следствено и на Алтернатива, се добиени под логото и во име на партијата, а не како независни кандидатури, се надеваме дека пратеникот Скендер Реџепи – во име на политичкиот морал и должностите кон партиските структури од кои станал пратеник – да го врати добиениот мандат во име на партијата, при што Алтернатива би била благодарна за досегашниот придонес“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни