Амбасадата на Британија ја одбележа Василица – паричката кај амбасадорот Лосон

Британската амбасада во Скопје денеска традиционално ја одбележа Василица, со делење пита со паричка меѓу вработените.

Според објавата на амбасадата, годинава среќната паричка се паднала кај британскиот амбасадор Метју Лосон.

„Денес во Амбасадата традиционално ја одбележавме Василица и поделивме пита со паричка со колегите. Јас ја имав таа среќа да ми се падне! Да донесе среќа, здравје и убави моменти во текот на целата година“, напиша амбасадорот Лосон.

Од Амбасадата додаваат дека оваа традиција се одржува секоја година со цел почитување и приближување на локалните обичаи и култура.