Амбасадата на САД во Скопје денеска соопшти дека нивната официјална сметка нема да се ажурира редовно сè додека не се обезбедат средства за целосно функционирање на институциите во САД.
„Поради прекин на финансирањето, оваа сметка нема редовно да се ажурира сè додека не се обноват целосните операции. Објавите ќе бидат ограничени само на итни информации поврзани со безбедност и сигурност,“ се наведува во соопштението на Амбасадата.
Оваа состојба е резултат на т.н. „government shutdown“ во САД, кој настанува кога Конгресот не усвои буџет или привремено финансирање, што доведува до ограничување на работата на одредени федерални институции и амбасади.
Читај и ова:
- 1.Опсадна состојба во Минхен! Се слушаат експлозии и истрели: Најмалку едно лице е убиено, има повредени
- 2.Месечен хороскоп за октомври 2025 година
- 3.Посебен режим на сообраќај утрово во Скопје поради одржување на протест
- 4.Халид Бешлиќ се бори за живот во Сараево
- 5.Македонец се соочува со 20 години затвор за пукање низ прозорецот на автомобилот со оружје