Амбулантите се полни со пациенти кои имаат симптоми слични на грип. Пикот на заразата се очекува кон крајот на овој и почетокот на следниот месец, иако бројот на заболени веќе расте.
Најчести симптоми се кашлица, температура и болка во грлото. Лекарите апелираат на внимание, одморање и консумирање витамини и чаеви. Пациентите со хронични болести треба да избегнуваат само-лекување и да побараат совет од лекар.
Митрова советува да не се користат антибиотици без лекарска препорака и нагласува дека често во амбулантите се јавуваат пациенти кои претходно се лечеле сами.