Познатиот политичар Амди Бајрам пред камерата на „Ексклузив“ искрено без влакна на јазикот зборуваше за неговата политичка кариера, но откри и неколку интересни детали од неговиот приватен живот.
Тој вели дека во неговиот живот имало многу жени, но дека успевал некако да се справи со нив. Амди исто така откри дека полека веќе станува и метеросексуалец.
Најстариот пратеник по мандати во Собранието на Република Македонија во интервју за 1ТВ вели дека не бил цвеќе за мирисање дури бил млад, бил кафеански човек кој сака да се дружи и со млади и со стари. Тој вели дека ги сака насмеаните жени а себеси се пофали дека секогаш е скоцкан.
– Легнувам во 2 сабајле, станувам накај 8 до 9, имам кратко спиење, работам некаде, се движам околу 18 саати сигурно. Темпото ми е такво, сакам да бидам меѓу сите граѓани и да учествувам секаде, вели пратеникот Амди Бајрам во интервјуто.
Тој додава дека е човек во душа кој сака секогаш да биде со луѓето. Амди Бајрам има 19 внуци и 3 правнуци.
Тој откри дека во хороскоп е меѓу девица и лав.
Погледнете го цело интервју:


