АМЕРИКА ќе ја забрза испораката на два напредни системи за противвоздушна одбрана НАСАМС (Национални напредни ракетни системи земја-воздух) за Украина, соопшти вечерва Белата куќа.
Вчера, да потсетиме, во телефонски разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе ја зајакне украинската воздушна одбрана по бранот разорни руски ракетни напади врз градовите и енергетските објекти низ Украина.
Првите две доаѓаат „во блиска иднина“
Америка досега одобри испраќање на вкупно осум NASAMS системи, каде се очекува наскоро два да бидат испорачани во Украина, а останатите шест да пристигнат во наредниот период, пренесува CNN.
„Мислам дека сме многу блиску до испорака на првите две во Украина во многу блиска иднина. Многу сме заинтересирани да ја забрзаме испораката на НАСАМС во Украина што е можно поскоро“, рече Џон Кирби, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност. афери, на денешната прес-конференција.