Американски претставник исфрлен од финалето на Интервижн поради политички притисок

ОРГАНИЗАТОРИ на Меѓународниот музички натпревар „Интервижн“, кој се одржува вечерва, 20 септември, објавија дека пејачката ВАСИ, претставничка на САД која има американско и австралиско државјанство, нема да настапи на финалната вечер од натпреварот. Причината, велат тие, е „невиден политички притисок од австралиската влада“, што доведе до откажување на нејзиниот настап.

„Поради причини надвор од контрола на организаторите и американската делегација, предизвикани од невиден политички притисок од австралиската влада, пејачката ВАСИ (државјанка на САД и Австралија) нема да може да настапи на финалната вечер од „Интервижн“, се вели во соопштението.

Организаторите изразија жалење што уметникот нема да настапи, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави остануваат полноправен учесник во „Интервижн“ и дека ќе бидат претставувани во меѓународното жири од легендарниот вокалист на бендот „Дип парпл“, според соопштението објавено на Инстаграм.

Австралиската влада, исто така, денес издаде официјална нота упатена до ВАСИ, но деталите од пораката не беа објавени.