Ана Костадиновска: Нашата приказна беше најубава!

Придружниот вокал на групата ДНК и професорка во средното музичко училиште, Ана Костадиновска се огласи по повод големата трагедија во дискотеката Пулс во Кочани каде загинаа 60 лица, а меѓу нив и нејзините сорабоници и пријатели од групата.

Со фотографии од заеднички настапи на групата, таа се наврати на минатите времиња.

Вели дека минува низ болен период.

„Кога љубовта е мотив, страста водилка, а линкот музика, се испишуваат најубави прикази. Таква, најубава беше и нашата. Ич не сакам збогувања. Затоа не велам збогум, туку до видување најсакани мои… Боли многу“, пишува Костадиновска.

Инаку, Костадиновска, Владимир Блажев – Панчо и гитаристот Горан Тонев се единствените преживеани од музичката група, а дури осум члена од екипата на ДНК го изгубија животот на 16-ти март во Кочани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното