Анабела проговори за жирито на Ѕвездите на Гранд и стравот од истото!

Пејачката Анабела Атијас, иако е на сцената повеќе од две децении, признава дека денес не би имала храброст да изгради кариера од самиот почеток, како и дека никогаш нема да учествува на популарни музички натпревари како што е „Ѕвездите на Гранд“.

„Не би се осмелила, би била нервозна. Би се плашела од сите нив во жирито. Во принцип, мислам дека е тешко, особено во овие години. Токму во овие години е тешко да се поднесат критики. Разликата е во тоа што младите имаат карактеристика дека колку повеќе ги карате, толку подобри се, а за мене сега функционира поинаку“ – објасни пејачката и откри од кои членови на жирито ќе се плаши, и со кого ќе се дружи.

Таа вели дека сите членови на жирито заслужено седат во столчињата на судиите и ги подучуваат младите надежи за пеење, но таа лично најмногу би се плашела од критиките на еден член.

„Не би сакала да издвојам сега, но би се плашела од Ана Бекута, на пример. Уште од рана возраст ја доживував како голема ѕвезда и за мене таа секогаш пееше одлично – рече Анабела во шоуто „Ѕвездите на Гранд Специјал“ и додаде дека можеби најдобро ќе се сложува со Марија Шерифовиќ.

„Марија дефинитивно е толку опуштена, ноншалантна по мој вкус. Ја знам, како што е приватно, така е и на сцена“ – рече таа.