Анџелина Џоли отвори профил на Инстаграм и го собори Гинисовиот рекорд

Познатата актерка Анџелина Џоли отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм, а за помалку од 24 часа веќе ја следат повеќе од 5 милиони луѓе.

Описот на профилот на Анџелина гласи:

„Мајка, директорка, специјален пратеник на ОН за бегалци“.

Инаку, Анџелина одлучи да ги искористи социјалните мрежи за да зборува за кризата што го зафати Авганистан.

Поточно, нејзината прва објава е писмо од тинејџерка од Авганистан, со кое Анџелина ги сподели своите искуства.

„Луѓето во Авганистан во моментов ја губат способноста да комуницираат преку социјалните мрежи и можностите за бесплатна комуникација. Се придружив на Инстаграм за да ги споделам приказните и гласовите на сите оние ширум светот кои се борат за своите основни човекови права“, напиша Анџелина.

Во писмото, анонимниот тинејџер и напишал на актерката дека „сите се плашат“ и дека „сите мислат дека нивните соништа се изгубени“.