Нарачано е да се направи итна анализа која треба да покаже колку и какво загадување има моментално во воздухот во Тетово. Ова стана јасно по изјавата на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
„Побаравме да биде извршена анализа врз квалитетот на воздухот за да провериме дали здравјето на граѓаните е загрозено. Се уште ги чекаме резултатите. Првичните информации се дека нема отровни гасови, кои би биле непосредно загрозувачки, оти и ние стоиме во непосредна близина, доколку гасовите се отровни ние не би стоеле овде. Но тоа не значи дека гасовите не може да бидат отровни“, изјави Стојанче Ангелов – директор на ЦУК.