Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов истакна дека скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, а потоа во депонијата нашле и фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи.
„Оваа депонија има ограда и влезна врата. Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата. Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје.
Гаснењето ќе биде сложено бидејки обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново“, вели Ангелов.
Читај и ова:
- 1.Го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание
- 2.Од златарата во Гостивар украдени 18 кг злато вредно 1,8 милиони евра
- 3.Полициски службеници пронајдоа автомобил баран од Интерпол на паркинг во Загреб
- 4.Латвија им нареди на над 800 Руси да ја напуштат земјата до крајот на октомври
- 5.ВИДЕО Обид за киднапирање на девојче во Косово: Пијани мажи ја терале да влезе во нивниот автомобил