Подвлекувајќи дека НАТО е одбранбен сојуз, британскиот премиер Борис Џонсон рече дека членките на НАТО не планираат да прогласат зона на забранети летови во Украина.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, естонската премиерка Каја Калас и британскиот премиер Џонсон одржаа заедничка прес-конференција во воената база Тапа во Естонија.
Истакнувајќи дека нападот на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина е „катастрофална погрешна пресметка“, Џонсон подвлече дека одговорноста на меѓународната заедница е да и помогне на Украина колку што може.
Наведувајќи дека НАТО отсекогаш бил на страната на „мирот и стабилноста“, Џонсон истакна дека тоа е важно бидејќи светот станал „поопасно и поспорно“ место.
„Нема да се бориме со руските сили во Украина“
Џонсон истакна дека мерките преземени неодамна по руско-украинската војна се „одбранбени мерки“.
„Нема да се бориме со руските сили во Украина“, рече Џонсон, додавајќи дека засилувањата се во границите на членките на НАТО и дека тоа е дефинитивно вистинската работа.
„НАТО е одбранбен сојуз“
На прашањето под кои услови НАТО би можел директно да се вклучи во руско-украинската војна, Џонсон одговори дека во Велика Британија постојат закони за меѓународни конфликти и како тие треба да се водат.
Премиерот Џонсон рече: „НАТО е одбранбена алијанса. Секоја членка на НАТО што влегува во конфликт со Русија е голем чекор на кој ниту една членка не помислила. Агендата на членките на НАТО не е прогласување зона на забранети летови во Украина“, подвлече Џонсон.