Македонија

Анѓушев: Претставена најновата линија на потцинкована жица која е единствена на европско тло

Анѓушев: Претставена најновата линија на потцинкована жица која е единствена на европско тло

Генералниот директор на „Брако“, проф. д-р Кочо Анѓушев во Велес, по повод отворање на нови производствени погони, истакна дека денеска се таму по три поводи.

„Првата повод е да ја пуштиме во работа и да ја претставиме најновата линија на потцинкована жица, која што е единствена и прва во Европа и технолошки најсовремена . Тоа е америчка технологија чие што производство на машините е направено во Шпанија и ова е прва инсталација на таква опрема на европско тло. Комплетно еколошка, без загадување, без киселини, без мазут. Значи во заштитна средина на водород и азот“, вели Анѓушев.

Тој додава дека е дуплиран капацитетот, од 400 тона месечно на скоро 700 тона месечно.

„А сега практично имаме можност да додадеме уште 6 нови линии, и производството да биде 1500 тона месечно“, порача Анѓушев кој додаде дека со тоа ќе бидат четири пати зголемен капацитетот.

„Старата цинкара, односно стариот погон каде што беше опремата за потцинкована жица, која што беше стара веќе 15 години, таа комплетно ја реконстриуравме и таму инсталиравме најнови машини за производство на федер жица – жица за производство на федери за матраци. Практично наши клиенти се сите производители на душеци во регионот“, вели Анѓушев.

Тој додава дека третата инвестиција со која е особено горд е градба на комплетно нова хала за Green machines каде што ќе се склопуваат новите модели на возила.

На промоцијата присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, како и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кои заедно со раководството на „Брако” направија обиколка на капацитетите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни