АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ со 6,9% – Мицкоски пред Ковачевски со 7,8%

Институтот за истражување на Политики и Добро Владеење-  Скопје, спроведе телефонско истражување (анкета) во периодот помеѓу 05 и 09 Ноември 2023 на репрезентативен примерок на ниво на Република Северна Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари.

Истражувањето беше реализирано на репрезентативен примерок од 1050 испитаници со што  беа запазени репрезентативните карактеристики на населението. При реализација на анкетата се внимаваше на демографските специфики на населението како етничката припадност, полот, местото на живеење и изборните единици.

За која партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори?

  %
СДСМ 12,6
ВМРО-ДПМНЕ 19,5
ДУИ 5,3
Алијанса за Албанците 4,5
БЕСА 2,4
Демократско Движење 1,8
Левица 3,2
Алтернатива 0,9
Друга партија 4,5
Не знам/Нема одговор 4,5
Ниедна 29,4
Не сака да каже 11,4
Вкупно 100%

Во кој политичар имате најголема доверба?

  %
Димитар Ковачевски 9,1
Христијан Мицкоски 16,9
Стево Пендаровски 6.1
Зоран Заев 1,5
Али Ахмети 5,1
Арбен Таравари 4,8
Билал Касами 1,9
Изет Меџити 2,1
Димитар Апасиев 4,2
Ниту Еден 40,5
Друг 4,5
НЕ знам 3,3
Вкупно 100%

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПДВ со цел да се анализираат рејтинзите на партиите и политичарите. Анкетата е финансирана со средства на Институтот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното