Свет

Анкета за избори во САД: Трамп го победи Бајден со 6 поени разлика

Анкета за избори во САД: Трамп го победи Бајден со 6 поени разлика

Во хипотетичка анкета спроведена во САД, поранешниот претседател Доналд Трамп излезе со 6 поени пред претседателот Џо Бајден на претседателските избори во 2024 година.

Во анкетата спроведена од Harvard CAPS-Harris Poll на 23-24, гласачите од цела САД беа прашани: „Ако изборите во 2024 година се одржат сега, за кого би гласале?

47 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за поранешниот претседател Доналд Трамп, 41 отсто за актуелниот претседател Џо Бајден, 12 отсто посочиле дека се неопределени.

Во случај на можноста потпретседателката Камала Харис да му биде ривал на Трамп на изборите, 38 отсто од испитаниците се изјасниле дека би гласале за Харис, а 49 отсто дека повеќе би сакале Трамп.

Дали Трамп ќе биде номиниран?

Марк Пен, ко-директор на анкетата на Харвард CAPS-Harris Poll, рече дека водството на Трамп пред Бајден и Харис покажува дека популарноста на поранешниот претседател сè уште останува, додека администрацијата на Бајден има проблем да ги убеди гласачите за актуелните предизвици.

Поранешниот претседател Трамп постојано навестува дека може да се кандидира за претседателските избори во 2024 година.

Во претходните анкети во рамките на Републиканската партија, беше објавено дека Трамп се истакнал како фаворит кандидат за изборите во 2024 година со 59 отсто, следен од поранешниот потпретседател Мајк Пенс и гувернерот на Флорида ДеСантис со околу 10 отсто.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни