Антикорупциската комисија да даде мислења за кандидатите на советите на Агенцијата за медиуми и МРТВ

Антикорупциската комисија треба да ги разгледа кандидатурите за членови на Советите на МРТВ и Агенцијата за медиуми за тоа дали има судир на интереси меѓу кандидатите и нивни роднини со актуелни медиуми, одлучи Комисијата за избори и именувања. 

Се вчитува...
Пратениците се решија на ваков чекор откако се согласија дека не може тие да одлучуваат дали некој од кандидатите е поврзан со медиуми или не и тоа во оваа првична фаза. Мислењата на Антикорупциска нема да бидат обврзувачки туку само ќе послужат во следната фаза за одредување на кандидатурите, а тоа е јавната расправа на која ќе се обратат и самите кандидати.
 
За советот на Агенцијата се пријавиле 28 кандидати, а за советот на МРТВ 19 кандидати од кој еден не ги исполнива условите. Огласите за овие тела распишани непосредно пред претседателските избори, по што пртоцедурата се одложи, а власта и опозицијата се обвинуваа за меѓусебно кочење.
 
Во Агенцијата за медиуми треба да се изберат 7 членови, а за совет на МРТВ 13.
 
Катерина Нешкова

Извор: Сител телевизија