Апасиев бара родителите на загинатите да се пуштат во Собрание и во живо да ја следат интерпелацијата за Тошковски

,,Зошто денес да не ги пуштиме мајките на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Тошковски, (кој го посочуваат за селективна истрага)?”, апелира пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев. 

,,Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата”, додава лидерот на Левица. 

Инаку, пратеничката група од Левица поднесе интерпелација против Тошковски и истата денес е на Дневен ред на седница во Собранието на Р. Македонија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното