Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска се обрати пред пратениците на седницата на Комисијата за уставни прашања.
Тој посочи дека ова е единствено излагање по предлогот затоа што сметаат дека материјалната расправа е безвредна.
„Влеговте во процесот вртоглаво без да обезбедите дво-третинско мнозинство. Се ова што ние денес го збориме е обична козметика знаејќи дека влегуваме во еден лузерски процес бидејќи вие навикнавте и сакате и нас како македонска нација да не навикнете на порази. Првото нешто беше францускиот предлог за бугаризација, спортски кажано – вие и Османи изгубивте 17:2 во овој процес, независни германски експерти ви кажаа дека ова е чудо на бугарската дипломатија или како што велат во Бугарија, смрт за македонизмот, овој спој на необализам и неоврховизам и тие велат „полекичка и на рати“, применуваат врз вас салама тактика – не знам дали не гледате или се правите дека не гледате. Или ве сецкаат на парчиња или да се изразам на италијански, имаат една изрека „кокошка се кубе пердуф по пердуф“ – дипломатски жаргонистички кажано вие сте искубана кокошка во споредба со византиската-грчка дипломатија или бугарската дипломатија која ви направи Хек трик“, вели Апасиев.
Тој потоа го праша премиерот Ковачевски до кога ќе се голта.