Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вечерва на прес конференција посочи дека Левица станува лидер на опозицијата во Македонија.
Тој потсети и на растот на партијата од 2021 година до денес.
„Од 8 кандидати за градоначалници прерипавме на 20. Од 38 советнички листи имавме 53 од вкупно 80 општини. Од 50 илјади гласови се движиме над 75 илјади гласови во овие 53 општини. Од 48 советници имаме над 70 советници“, вели Апасиев.