Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните во Југоисточниот дел од земјава да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови.
Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор во во Југоисточниот дел од земјава, со силно локално невреме, постои голема можност да биде голема и опасна по околината таму каде што ќе зафати поројониот дожд што се предвидува да падне во Југоисточниот дел од земјава.
Од УХМР известија дека Југоисточниот дел од земјава ќе биде зафатен од нетеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме.