Апелација го укина притворот: Џеваир Камбери доби мерка гаранција

Обвинетиот Џеваир Камбери, кој се наоѓа меѓу осомничените во случајот за пожарот во Кочани, добил преиначување на мерката притвор, потврдено со решение на Апелациониот суд.

Наместо притвор, на Камбери му е одредена мерка гаранција.

Претходно, Основниот кривичен суд ја продолжил мерката притвор, но Апелација ја преиспитала одлуката и ја изменила.