Аплауз и неверување – жена се спаси 122 часа по земјотресот

Менексе Табак, 70-годишна жена е спасена од под урнатините на зграда во Кахраманмарас, на југот на Турција, дури 122 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди овој регион, јавува Анадолија.

Спасената Менекше Табак по долги напори на спасувачките екипи е извлечена од под урнатините, а потоа пренесена во болница.

Кога жената била спасена, имало голем аплауз од сите кои учествувале во спасувањето.

АФАД соопшти дека по двата разорни земјотреси во Кахраманмарас, регистрирани се 1.666 последователни земјотреси.

Повеќе од 24.000 луѓе загинаа, а десетици илјади се повредени во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, објавија официјални извори на двете земји, а пренесе Си-Ен-Ен.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното