Одвреме-навреме откриваме рецепт на Тик Ток, односно јадење кое целосно не воодушевува. Она што станува вирално на Тик Ток станува апсолутен хит во реалниот свет.
Така е сега со изматениот мед. Имено, изматениот мед или кремастиот мед стана ултимативен хит на Тик Ток, па решивме да го пробаме и ние.
Изматениот мед можете да го направите многу лесно дома, а одлично ќе ви биде, на пример, со палачинки или тост.
Се што е потребно е добро да се измеша саканата количина мед. Во сад ставете ја саканата количина мед и мешајте најмалку 15 до 20 минути.
Кога медот ќе добие бела боја и кремаста, односно пенеста структура, ќе знаете дека е готов и дека повеќе не треба да мешате.