Македонија

Арифи нема да се кандидира, Mеџити не е во тек – Џафери: Треба да се освежи изборната листа на ДУИ

Талат Џафери, вчера во емисијата Клик Плус, рече дека за изборите на 12 април, ДУИ треба да ја освежи изборната листа.

ТВ21: Постои еден факт дека без старите фигури, на пример Џеват Адеми, Невзат Бејта и Теута Арифи, кои порано носеа победа, во 2006-2008, повторно во 2020 да одат истите имиња . . .

ЏАФЕРИ: -Претходно зборувавме за сите направени реформи и јас мислам дека во рамките на реформите треба да се случи и ова што вие го спомнувате.

ТВ21: Оставете што велам јас . . . што мислите Вие?

ЏАФЕРИ: Јас сметам дека треба да се освежи листата.

Побаравме став од сите кои беа спомнати, но ни одговори само Теута Арифи. Таа потврди дека нема да се кандидира за пратеничка бидејќи сака да го заврши својот мандат како градоначалничка на општина Тетово.

„Јас сум градоначалничка на општина Тетово и планирам да продолжам со работа до завршувањето на мандатот во 2021 година“, рече Арифи.

Го прашавме и потпретседателот на партијата, Изет Меџити, но тој кратко одговори „Не сум во тек“.

Џафери изјави дека е подготвен да се кандидира за пратеник и дека би се чувствувал комотно и како носител на листа во изборната единица број пет.

ЏАФЕРИ: Во релација со гласачите, граѓаните, јас смеам дека сум комотен за фактот да ги исполнувам очекувањата.
ТВ21: Доколку партијата ви рече дека вие сте носител, вие ќе речете со многу задоволство што …
ЏАФЕРИ: Сега кога сум дел од партијата, тие се партиски процедури.

Неофицијално, претходно ТВ21 дозна дека ДУИ во овие избори носител на листа во изборната единица број 5 ќе биде Талат Џафери, Изет Меџити во И.Е. број 1, во втората И.Е. ќе биде Илир Хасани, а во шестата лидерот на партија Али Ахмети.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни