По веста во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата денеска ги задолжи Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена, се огласи и градоначалничката Данела Арсовска.
Таа прашува на кого премиерот Христијан Мицкоски му се заканува.
„Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо.
За ѓубрето низ Скопје е одговорна ТВОЈАТА криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска која е претседател на Управниот одбор (земи читај допис ако имаш време меѓу заканите и правење бизнис)
За ѓубрето низ Скопје се одговорни ТВОИТЕ градоначалници кои сред избори повикаа граѓаните да фрлаат кабаст отпад, а немаат ни ресурси ни механизација да го собираат истото, па тоа ѓубре се мачат да го собираат вработените од КХС кои веќе се на крај на силите.
За ѓубрето низ Скопје е одговорно ТВОЕТО министерство за здравство, кое МИЛИОНИ му должи на Комунална хигиена. Нив ќе им влезеш ли со полиција несреќо?
По корумпирана и по плитка власт од ТВОЈАВА не постоела, ни ќе постои некогаш во Македонија. Уствари заборавив Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш ЛАЖЕШЕ, како и за сѐ друго што ЛАЖЕШ денес“, рече Арсовска.