Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, упати апел до Министерството за внатрешни работи (МВР) за итна реакција и апсење на лицата кои нанесоа тешки телесни повреди на инспекторите од Град Скопје.
„Добар ден МВР, би сакале да Ве информираме дека лицата кои пред извесно време им нанесоа тешки телесни повреди на инспекторите од град Скопје поради кои нашите вработени завршија во Ургентен центар, лицата кои извршија насилие со физички напад со метални шипки бидејќи беа фатени за креирање депонија и нејзино палење на улица Скупи, сè уште се на слобода.
Истата банда која повеќе пати е затекната во вршење на дела со кои ги загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните, си продолжуваат со своите активности континуирано дополнети со насилство и закани. Било кој друг да е фатен за истиве дела до сега експресно ќе беше изведен пред лицето на правдата и со судска пресуда казнет за тоа што не труе секој ден.
Бидејќи по официјални пријави не се постапува, ги повикувам сите скопјани да го пријават настанот и да побараме правда!!!“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.