Арсовска по апсењата: Претседателката на Управен одбор нема да ја апсат бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО

По веста за приведување на директорот на Комунална хигиена, Сабахaдин Рустеми и уште едно лице од раководството, на социјалните мрежи се огласи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа вели дека за да се сее страв пред втор круг избори приведен е директорот.

„Мицковистичкиот режим и МВРО да сее страв пред втор круг избори го привело директорот на Комунална Хигиена, за хаосот со ѓубрето кој токму криминалните кадри на Мицковски го креираат. Претседателката на Управен одбор Јулијана Спировска, нема да ја апсат бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО. Јулијана која ја управува Комунална Хигиена Скопје е осуден криминалец во 2022 година со казна затвор за убиство и осуден криминалец во 2006 за нанесување тешки телесни повреди. Јулијана во КХС ги команда другите членови на Управен одбор од ВМРО и ВЛЕН, кои се поставени од Советот на град Скопје од ВМРО и ВЛЕН. Јулијана 3 години опструира нови камиони, инвестициска програма, вработените кои 5 години ги чистат улиците не можат да земат решение за работа поради нејзините сопартијци од ВМРО и ВЛЕН во Советот. Јулијана по наредба на ВМРО континуирано со години прави опструкции додека градот не се удави во смет. И сега директоров им е крив кој не можел да набави 35 нови камиони бидејќи тоа Јулијана го одложила за да ги набави Орце.

Мицко, кога ќе бегаш од Македонија за некоја година, бидејќи те болат коленцата нема да може во гепек од кола, ќе треба во багаж од автобус да те пренесат низ граница бегајќи накај Будимпешта“, вели Арсовска.