Аца Лукас повеќе не е дел од „Ѕвездите на Гранд“ каде што беше дел од жирито пет години. Во медиумите се шпекулираше дека си заминал поради кавга со колегите и со директорот на Гранд, Саша Поповиќ, Лукас ги откри вистинските причини за заминување.
„Не сум во жири бидејќи не ми се седи таму. Ме мрзи да седам и да снимам по цел ден, вели Лукас и објасни како ја прекинал соработката со Поповиќ.
„Само Саша Поповиќ и јас ги знаеме вистинските причини, а што се однесува до мене ќе остане тајна. Му пратив долга порака во која му кажав се што имав и му кажав да не смета на мене оваа сезона. Што се однесува до пораката, никогаш нема да излезе во јавност, откри пејачот.
Во новата сезона на музичкото шоу, на негово место ќе биде пејачот Ѓорѓе Давид.
Како што пренесува Курир, Саша Поповиќ на овој потег се одлучи затоа што сака на гледачите да им подготви нешто невидено во „Ѕвездите на Гранд“:
„Не е чудно што „Ѕвездите на Гранд“ е едно од најпопуларните музички шоу во регионот, а Саша Поповиќ и неговиот тим секогаш имаат новитети. Откако Аца Лукас си замина од жирито, Поповиќ имаше тешка задача и да му најде достојна замена, а сега верува дека успеа во тоа. Исто така, кога наместо Зорица Брунцлиќ ја ангажираше Јелена Карлеуша, изјави близок пријател на Поповиќ.
„Ѕвездите на Гранд“ ќе имаат нов концепт, но и нов дизајн и нова сценографија која во голема мера е звршена. Друга новина во шоуто е дека учесниците ќе имаат свои ментори, и тоа од членови на жирито.
Водителската двојка ќе ја сочинуваат Воја Недељковиќ и Сања Ќужет.