Авион на „Ер Астана“ со шест членови на екипажот и без патници, приднудно слета во Португалија, откако претходно пилотите побарале помош од португалските служби, соопшти генерал-полковник на португалското воено воздухопловство Мануел Кошта.
Тој додал дека авионот е од бразилскиот производител „Ембраер“ и авионот слетал во воената база „Баха“, на околу 180 километри од Лисабон. Никој не бил повреден, но авионот не слетал од прва.
Додека властите одлучувале како да му помогнат на авионот, околу него биле два борбени Ф-16 на португалското воено воздухопловство, рече Кошта.
Авионот требало да слета во Лисабон поради редовно одржување.