Авион на Јунајтед ерлајнс со повеќе од 200 луѓе денеска принудно слета на меѓународниот аеродром Либерти во Њу Џерси поради механички проблем, соопшти авиокомпанијата.
Летот 1544 полетал од аеродромот во Њу Џерси непосредно пред 06:00 часот по локално време, но се вратил по околу еден час поради механички проблем, објави Њујорк пост.
Авионот со 176 патници и шест членови на екипажот полетал од Њу Џерси за Лас Вегас, според податоците од следењето на летот.
Не беа соопштени детали каков механички проблем довел до принудното слетување.