Авионот на Јунајтед ерлајнс кој летал од Лос Анџелес до Кина морал да се врати во САД два часа по полетувањето, откако било откриено дека еден од пилотите нема пасош, потврдија од авиокомпанијата за Си-Ен-Ен.
Авионот со 257 патници и 13 членови на екипажот полетал во саботата во 14 часот по локално време и се упатил кон северозапад.
Планот беше да се прелета преку Тихиот Океан до Шангај.
Меѓутоа, два часа подоцна, авионот се свртел и се упатил кон Сан Франциско, каде што слетал околу 17 часот, пренесува FlightAware.
„Пилотот немаше пасош. Организиравме нов екипаж кој таа вечер ќе ги однесе патниците до нивната дестинација. На патниците им беа доделени ваучери за оброк и компензација“, соопштија од авиокомпанијата.
Новиот екипаж полетал околу 21 часот и слетал во Шангај околу шест часа подоцна.