„Авионот дојде оштетен во Охрид, 5 круга вртевме над Скопје – нови детали за хоророт на македонското небо

По објавата за авионот, голем број на патници започнаа да се јавуваат во нашата редакција. Сите ги раскажуваат нивните приказни за тоа што денеска го доживеале. Велат дека ова никогаш нема да го заборават.

„Тоа беше вистинска драма. Се зборува дека авионот во Охрид слета со оштетувања, а така сме полетале и ние, па затоа мораше да се врати“, вели еден од патниците.

Други пак се огласија на друштвените мрежи во коментарите на објавата од 4NEWS.mk

Новите детали кои ги дознаваме се дека авионот направил пет круга пред Скопје. Но до овој момент немаме информација дали тој барал првично принудно слетување во Скопје.

Прашања испративме до М-НАВ и до компанијата сопственик на авионот. Екипата на 4NEWS.mk продолжува да истражува кои биле причините и дали навистина авионот имал оштетувања.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното