Авионот на руската авиокомпанија „Урал ерлајнс“ во текот на ноќта итно и безбедно слета на аеродромот во Шарм ел Шеик во Египет поради технички дефект на еден од моторите.
Дефектот се случил веднаш по полетувањето на авионот од тој аеродром, соопшти прес-службата на авиокомпанијата.
Компанијата соопшти дека обезбедила резервен авион за да го изврши летот меѓу Шарм ел Шеик и Екатеринбург во Русија.